ПОКАНА ДО МЕДИУМИ
Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, утре 23 февруари 2022 (среда), ќе се обрати на конференцијата на високо ниво, за промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 и одбележување на десет години Партнерство за отворена власт во Северна Македонија.
Конференцијата е во организација на МИОА, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Центарот за граѓански комуникации и Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, кои партнерски го спроведуваат проектот „Поддршка на процесот за спроведување и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023“.
Настанот ќе се одржи во х.Александар Палас-Скопје, со почеток во 11.00 часот.