Даваме поттик и ја забрзуваме дигиталната трансформација

Скопје, 16 декември 2021
 
Денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири ја прими на работна средба менаџерката на „Mastercard“ за Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Косово, г-ѓа Вања Манова и извршниот директор на Евротруст, г-дин Георги Димитров.
 
Оваа средба доаѓа по потпишувањето од страна на Владата на меморандумот за воспоставување услуга за дигитална идентификација во текот на 2020 година и по воведувањето на оваа услуга од страна на НЛБ Банка – Скопје, за прв пат во Северна Македонија.
 
Преку овој меморандум се обезбедени електронски потписи за државната администрација, за институциите кои го користат Системот за управување со документи, што ќе придонесе за поголема употреба на ДМС системот и следствено на забрзување на дигиталната трансформација.
 
На средбата, како што рече министерот Шаќири, договорено е во блиска иднина да се изврши интегрирање на услугата за дигитална идентификација во Системот за управување со документи.
 
„Со оваа услуга му даваме на електронскиот потпис исто правно дејство како класичниот потпис и пристапуваме кон нашата цел да ја намалиме на 0 употребата на хартија во државната администрација, што е уште еден чекор кон дигитализација на администрацијата и услугите во Република Северна Македонија“, истакна министерот Шаќири.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони