Министерот Шаќири учествуваше на 17-тото издание од конференцијата e-Society - Democracy in the Digital Age: challenges and opportunities

Скопје, 30 ноември 2021

Министерот за информатичко општество и администрација, д-р Јетон Шаќири имаше воведно обраќање на 17-та конференција: ,,Е-Society - Democracy in the Digital Age: challenges and opportunities“, што се одржа во организација на фондацијата Метаморфозис.

Министерот Шаќири се осврна на заложбите и активностите што ги презема МИОА и Владата во доменот на дигитализацијата, како и на предизвиците поврзани со развојот на технологиите.

,,Ние, како влада, мора да се грижиме за безбедноста на луѓето во сајбер просторот и да воведеме нови заштитни и безбедносни мерки, не само за владините системи, туку и за целата инфраструктура која е од суштинско значење за благосостојбата на граѓаните. Додека критичната инфраструктура е во доминантна сопственост на приватниот сектор, со оглед на тоа што нашиот свет сè повеќе меѓусебно се поврзува, Владата мора да ги води и да ги заштити активностите поврзани со ова. Затоа во моментов со нашите партнери од УСАИД работиме на програма дизајнирана да ја подобри подготвеноста за сајбер безбедност на Критичната инфраструктура и клучните ресурси на Северна Македонија“, рече министерот Шаќири.

Министерот потенцираше дека слободата на изразување, слободата на медиумите, заштитата на медиумскиот плурализам и правото на информирање се најзначајни за демократијата. Но од друга страна, се случуваат големи предизвици, како што е ширењето на лажни вести. Затоа, како што рече, критичкото размислување и медиумската писменост се најважните алатки кои можеме да ги користиме во борбата против манипулацијата со информации, лажните вести, лажното известување, дезинформациите, пропагандата, измамата.

Министерот Шаќири воедно се осврна и на континуираните активности во насока на поголема транспарентност на институциите:

„Министерството за информатичко општество и администрација ја координира иницијативата Отворено владино партнерство, потврдувајќи ја нашата заложба за континуирано подобрување на работата на Владата врз основа на отворени, транспарентни, безбедни и ефикасни владини институции кои комуницираат и соработуваат со граѓаните. Континуирано го охрабруваме објавувањето и користењето на отворени податоци, чијашто крајна цел е зголемување на транспарентноста и отчетноста на државните институции“, рече министерот Шаќири.

Конференцијата се организира во синергија со проектот "Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда - ИЦЕДА", ко-финансиран од Европската Унија,  а на неа учествуваа и Џулијан Васало, заменик – шеф на Делегација на ЕУ, Ерик Јановски, Претставник на канцеларијата на УСАИД во РСМ, Вишата експертка за е-демократија од Академијата за е-владеење Кристина Ман, како и извршниот директор на фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони