Шаќири: Еден заеднички и отворен пазар на труд уште повеќе ќе го поврзe регионот на Западен Балкан

Ниш, 15 ноември 2021

Република Северна Македонија и земјите од Западен Балкан интензивно работат за ефикасна имплементација на договорите кои ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар.

На состанокот одржан во Ниш, присуствуваа работни групи од Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и претставници на Институтот за акредитација, на Царинска управа, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Инспекторатот за земјоделство, на Фитосанитарната управа, на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

На средбата беа утврдени наредните чекори преку кои иницијативата „Отворен Балкан“ од следната година ќе овозможи слободен пристап до пазарот на труд.

„Open Balkan ID“ ќе овозможи слободен пристап до пазарот на труд и олеснување на увозот, извозот и движењето на стоките на Западен Балкан, со што на граѓаните од целиот регион им се отвораат бројни поволности.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони