Завршна конференција за Компонента 2: Подобрување на рамката на дискреционите овластувања, во рамки на ИПА 2017 Проектот „Поддршка на државната реорганизација“

Скопје, 3 ноември 2021

Министерот за информатичко општество и администрација, д-р Јетон Шаќири се обрати на Завршната конференција за Компонента 2: Подобрување на рамката на дискреционите овластувања, во рамки на ИПА 2017 Проектот „Поддршка на државната  реорганизација“.

Министерот Шаќири истакна дека, воспоставувањето на јасни линии на отчетност, кохерентна институционална поставеност на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби од централната власт, како и јасната поделба на функциите и политиките преку нивно спојување, укинување или создавање, е првиот чекор кон градење на демократски систем, цврста администрација и силен институционален систем заснован на начелото на владеење на правото.

„Професионализацијата на администрацијата е една од главните цели на процесот на реформа на јавната администрација во Република Северна Македонија. Согласно утврденото во Приоритетната област 2: Јавна служба и управување со човечки ресурси од Стратегијата за Реформа на Јавната Администрација, една од мерките за остварување на Посебната цел Деполитизација на администрацијата преку зајакната примена на начелата на заслуги (merit), еднакви можности и соодветна и правична застапеност, како и професионализација на високите раководни позиции (senior civil service), е воспоставување на висока раководна служба во администрацијата. Основна цел од воспоставувањето на Висока Раководна Служба е унапредување на јавните услуги, подобар придонес кон модернизација на државната администрација и зајакнување на доброто владеење како иманентен принцип на работење во јавната администрација“, рече министерот Шаќири.

Системот на висока раководна служба треба да обезбеди постигнување на две клучни цели:

1) Професионални високи раководители-избрани врз основа на нивните компетенции

2)Воспоставување на односи на доверба и одговорност помеѓу политички избраните и именуваните лица и високите раководители.

Според министерот Шаќири, воспоставувањето на системот на висока раководна служба и новата архитектонска структурна реорганизација/оптимизација на јавниот сектор, ќе значи рационализација и намалување на бројот на високи раководни места, но едновремено и воспоставување на линии на отчетност на високите раководители. Затоа е од исклучителна важност севкупната вклученост и поддршка во процесот на професионализација на јавниот сектор, воспоставување на ефикасни и ефективни институции поблиску до граѓаните.

Во однос на втората компонента и подобрување на рамката на дискреционите овластувања, чиј главен корисник е Државната комисија за спречување на корупцијата, а дел од овие анализи ги опфаќаат дискреционите овластувања при вработувањата во секторот здравство, образование и култура, но се однесуваат и на надлежностите на Министерството за информатичко општество и администрација, министерот Шаќири рече:

„Во Владата веќе е препознаена потребата од ревизија на системот на дискреционите овластувања, за да се овозможи нивна примена на законски и праведен начин. Дел од нив се однесуваат и на дискреционите овластувања при вработувањата. Во оваа сфера во примена се повеќе закони кои содржат и создаваат можности за дискрециони овластувања. Законот за државни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работни односи се само дел од нив. Со внимание ќе ги проучиме анализите и препораките и ќе се заложиме за нивно соодветно спроведување со цел дополнително да се подобри и законската и институционалната рамка од областа на вработувањата“, истакна министерот Шаќири.

Инаку, на завршната конференција учествуваа и Џулијан Васало, заменик-шеф на делегацијата на Европската унија, г-ѓа Билјана Ивановска, Претседател на Државната комисија за спречување на корупција, г -дин Љупчо Николовски, Заменик на Претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси и д-р Слаѓана Тасева, Тим Лидер, ЕУ Проект „Поддршка на државната реорганизација“.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони