ЗАМЕНИКОТ – МИНИСТЕР БАЈДЕВСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА CYBERSECURITY IN THE BALKANS: CHALLENGES AND OPPORTUNITIES

Скопје, 04 октомври 2021

Заменикот министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски имаше свое обраќање на меѓународната конференција “Cybersecurity in the Balkans: Challenges and Opportunities”, организирана од страна на Меѓународниот Славјански Универзитет “Г. Р. Державин” од Република Северна Македонија, CyBureau – Институт за студии за сајбер - политика од Израел и Високата школа за телекомуникации и пошти од Бугарија. Онлајн конференцијата се одржува на 04 и 05 октомври 2021 година а заменикот министер денес имаше воведно обраќање, во коешто се осврна на потенцијалните сајбер безбедносни закани како и стратегијата и визијата за справување со истите.

“Јасна и стратешка визија за сајбер безбедноста на национално ниво е поставена со усвојување на Националната Стратегија за сајбер безбедност 2018-2022 и Акцискиот план за нејзина имплементација.  На почетокот на 2020 година, Република Северна Македонија оствари една од своите стратешки цели и стана 30-та членка на НАТО.  Сепак, членството во НАТО, покрај добрите страни, може да придонесе да станеме поголема мета на сајбер и хибридни напади. Националните комуникациски мрежи во Република Северна Македонија се дел од глобалните комуникациски мрежи, што значи дека сајбер безбедносните инциденти на друго место можат да влијаат врз македонскиот сајбер простор и услуги, и обратно. Во анализите направени од најрелевантните светски институции во доменот на безбедноста и одбраната, сајбер заканите се истакнати меѓу најзначајните безбедносни закани врз современите општества. Заради тоа, во последните неколку години тие се третираат како интегрален дел од националната и меѓународната безбедност.”, истакна Бајдевски.

Во однос на напредокот во оваа област, заменикот – министер Бајдевски посочи дека според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го објавува естонската Академија за е-владеење, Република Северна Македонија во последниве две години бележи значителен подем од речиси 20 места. Претходните години нашата земја се наоѓаше помеѓу 70 и 60 место на глобалното рангирање, но последните два извештаи од оваа година покажуваат дека Северна Македонија се искачи на 45 место.

Северна Македонија беше домаќин на првиот, и учествува на секој нареден Дигитален самит на земјите од Западен Балкан. Бајдевски додаде дека како учесници на овогодинешното издание на Дигиталниот самит, кој ќе се одржи во Подгорица, повторно имаме можност да размениме искуства и знаења од оваа област со другите земји од регионот, а тие искуства и знаења ќе помогнат во иднина уште подобро да се справуваме со сите сајбер-закани и на нашите граѓани да им обезбедиме уште побезбеден сајбер-простор.

Во своето обраќање, заменикот – министер Александар Бајдевски ја спомена и соработката со Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти, MKD-CIRT, во насока на спроведување интерактивни онлајн обуки за сајбер-безбедност наменети за административните службеници и за раководниот кадар, кои имаат за цел заштита на податоците на граѓаните со кои располагаат државните институции.

    “За да се зајакнат капацитетите за сајбер безбедност на државата, Министерството за информатичко општество и администрација, со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) спроведува проект за зголемување на сајбер отпорноста и заштита на критичната национална инфраструктура од сајбер напади. Оваа соработка ќе ги зајакне човечките и технолошките капацитети за сајбер безбедност на критичната инфраструктура, ќе ги подобри комуникациските протоколи и ќе ја зголеми отпорноста и подготвеноста за справување со закани по сајбер безбедноста на национално ниво.

За крај, сакам да истакнам дека подобрувањето на состојбата со сајбер безбедноста треба да биде заложба на сите чинители во државата. Во меѓусебно поврзан интернет свет, сите ја делиме одговорноста за обезбедување на сајбер-просторот.”, заклучи Бајдевски.

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони