Шаќири: Министерството за информатичко општество и администрација започнува со обуката на претставници на министерства и јавни институции, во рамките на реорганизацијата на државната администрација

Скопје, 30 септември 2021

Денес, во рамките на реорганизацијата на државната администрација, Министерството за информатичко општество и администрација започна со обуката на претставници на министерства и јавни институции.

„По спроведувањето на хоризонталната функционална анализа и изготвувањето извештаи за реорганизација каде што беше формирана новата организациска структура на државните органи, агенции и инспекциски служби на централно ниво, оваа обука има за цел да создаде административни капацитети кои ќе имаат надлежности да ги спроведат своите ревизии, кога ќе се појави потреба", рече министерот Шаќири за време на својот говор.

Меѓу другото, тој ја истакна важноста на оваа обука и додаде дека се ангажирани експерти да понудат помош и да обучат за процесите што следат.

Оваа фаза ќе ги покаже во пракса ефектите од овој процес, но и ќе биде позитивен пример и поттик за продолжување на спроведување на  целосната реорганизација во останатите министерски системи и Генералниот секретаријат на Владата.

Министерот Шаќири го заврши својот говор посакувајќи успешна обука и плодна дискусија за сите учесници.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони