Министерството за информатичко општество и администрација најтранспарентно министерство во регионот

Скопје, 28 септември 2021

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е најтранспарентното министерство на Владата на Република Северна Македонија, со 82,24% од постигнатите критериуми на истражувањето на транспарентноста на владите во регионот.

Истражувањето за транспарентност ги анализираше владите на Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кое беше презентирано денеска, на Конференцијата одржана во Подгорица, по повод Светскиот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според истражувањето, Владата на Република Северна Македонија е најтранспарентна во регионот, па дури и се смета за пример за другите земји.
Владата на Северна Македонија постигна рекордни 83,43% од критериумите поставени во областа на транспарентноста. Следува Босна и Херцеговина со 74,9%, потоа Црна Гора со 59,5 и Србија со 47,7% од максималниот број можни поени.

Водечката позиција за транспарентност ја имаат министерствата на Владата на Република Северна Македонија со 62% од дефинираните критериуми. Најтранспарентно од нив е Министерството за информатичко општество и администрација со 82,24% од постигнатите критериуми. Зад него се Министерството за одбрана со 79,49% и Министерството за финансии со 77,65%. Министерството за внатрешни работи со 70,39% и Министерството за правда со 68,46% од дефинираните критериуми исто така се рангирани на високо ниво.

Административните тела се оценуваат со 40,57%, додека Парламентот со 68,15% од дефинираните критериуми. Според методологијата на истражувањето, регионалниот индекс на транспарентност го мери ефектот на извршната власт и парламентот, почитувајќи го принципот на добро управување, во четири принципи: транспарентност, пристапност, интегритет и ефективност.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони