Единаесетти состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација (СГ РЈА) помеѓу Европската комисија и Северна Македонија

Скопје, 24 септември 2021

Eдинаесеттиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација (СГРЈА) помеѓу Европската комисија и Северна Македонија се одржа на 23 септември 2021 година, во рамки на Комитетот за стабилизација и асоцијација.

Со состанокот ко-претседаваа министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и Билјана Николовска Жагар од Канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија и Михаела Матуела од Генералниот директорат за добрососедски односи и проширување при ЕК. На состанокот присуствуваа и претставници од земјите членки на ЕУ, како и од СИГМА и Регионалната школа за јавна администрација.

Европската Комисија нагласи дека реформата на јавната администрација е клучна област од Кластерот Основи. Националните власти подвлекоа дека реформата на јавната администрација останува еден од клучните приоритети на Владата.

Главниот фокус на состанокот беше ставен на напредокот постигнат во клучните области од принципите на јавната администрација: стратешката рамка за реформа на јавната администрација, јавната служба и управувањето со човечки ресурси, развој на политики и координација, како и за отчетноста и испораката на јавни услуги.

Институциите се заложија за понатамошно спроведување на реформите поврзани со процесот на интеграција. Европската комисија повторно ја потврди поддршката за Северна Македонија на патот кон евроинтеграциите.

Како и изминатите години, на состанокот беа дискутирани заеднички заклучоци кои по нивното усвојување од двете страни ќе бидат објавени на веб страницата на Министерството за информатичко општество и администрација. СЕП ќе продолжи доследно да го следи исполнувањето на преземени обврски и по истите да реферира во процесот на подготовка на Северна Македонија за членство во ЕУ.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони