Заменикот-министер Бајдевски учествуваше на 5 Конференција за иновации и соработка во рамки на Соработката помеѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа

Скопје, 24 септември 2021 година

Денес, заменикот-министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, имаше свое обраќање на петтата Конференција за иновации и соработка, организирана во рамки на Соработката помеѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Во своето обраќање, заменикот-министер Бајдевски говореше за заложбите на Владата на Република Северна Македонија во однос на промоција и унапредување на дигитализацијата.

„Кога станува збор за дигитални решенија и за дигитализацијата воопшто, Владата на Република Северна Македонија активно и континуирано работи на нивна промоција и унапредување, со цел да го подобри квалитетот на живот во општеството, како и да ја олесни комуникацијата меѓу граѓаните и институциите. Активностите кои Владата ги презема во оваа насока се однесуваат на измени во однос на легислативата, како и на унапредување на постојните функционалности и владини системи.

Меѓу новините од нашата земја, би додал и дека во тек е изработка на нова Национална стратегија за вештачка интелигенција, а во финална фаза е и нашата Национална долгорочна стратегија за ИКТ. Иницијативата за креирање на Национална стратегија за вештачка интелигенција која ќе овозможи дигитална трансформација на целата индустрија, ќе им овозможи на компаниите да ги надминат предизвиците со кои се соочуват и ќе создаде можности за развој на вештачката интелигенција од компаниите“, кажа Бајдевски.

Дополнително, заменикот-министер се осврна и на новините од областа на иновациите во нашата земја, претставувајќи и говорејќи за иновативни проекти и решенија поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој.

„Ова се само мал дел од проектите кои се во тек и се поддржани од ФИТР и од Владата. Ќе продолжиме да поддржуваме вакви проекти и решенија во иднина, затоа што тие го унапредуваат развојот на економијата и на општеството воопшто, а на долг рок обезбедуваат поквалитетен живот за сите граѓани“,  заклучи Бајдевски.

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони