Продолжуваме да ја подобруваме бродбенд инфраструктурата низ целата држава

Скопје, 23 септември 2021

Министерот за информатичко општество и администрација д -р Јетон Шаќири денеска ги прими на состанок претставниците на „Дојче Телеком“, предводени од г -дин Марк Васиќ - директор за меѓународни регулаторни работи, како и директорот на „Македонски Телеком“, г -дин Никола Љушев.

На состанокот, министерот Шаќири изрази благодарност до Телеком за помошта што им беше дадена на бизнисите погодени од пандемијата, каде што заедно со нашата Влада беше обезбедена помош за преку 200 компании во земјата погодени од пандемијата, за услуги за поврзување, “cloud”, е-трговија, итн., сите мерки од петтиот владин пакет за ублажување на негативните ефекти од пандемијата „Ковид -19“.

Исто така, на состанокот е разговарано и за можностите за подобрување на бродбенд инфраструктурата во проблематичните зони, белите и сивите зони, каде што домаќинствата имаат тешкотии или немаат можности за поврзување со интернет во моментот. Како еден од најпроблематичните региони за кои во наредните месеци ќе бараме заеднички решенија е регионот на Дебар, како и другите рурални зони.

На средбата со двајцата директори министерот Шаќири ја истакна важноста од имплементација на Законот за употреба на јазиците, поттикнувајќи го Телеком да ја унапреди употребата на албанскиот јазик во контактите со клиентите, што ќе го подобри искуството на клиентите Албанци, како и можноста за подобрување на соодветната застапеност во раководните структури на „Македонски Телеком“, земајќи ја предвид меритократијата.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони