Шаќири: Одлучни сме кон патот на дигитализацијата, системот за поднесување на електронски пријави во фаза на реализација

Скопје, 23 септември 2021

Министерот за информатичко општество и администрација д -р Јетон Шаќири и вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, г -дин Љупчо Николовски, денес на заедничка прес-конференција го промовира Системот за поднесување електронски извештаи, жалби и предлози кон имплементација.

„Република Северна Македонија е одлучна кон патот на забрзана дигитализација и зголемена примена на дигитални решенија, електронски услуги. Со нив се овозможува брз и лесен пристап до информации, како и остварување на јавните услуги по електронски пат, со што на граѓаните им се заштедува време кое во спротивно би го потрошиле чекајќи во редица пред шалтер. За таа цел МИОА како носител на Националниот Портал за е-услуги, преку кој граѓаните и правните лица имаат пристап и можат да остварат електронски услуги, постојано го дополнува со нови услуги. Во моментот сме во завршна фаза и следната недела ќе имаме можност повторно со Министерството за правда и 26 судови од цела држава да промовираме нови услуги за потврди и документи од казнена евиденција за граѓаните. Тоа се стотици заштедени часови чекање ред пред шалтерите, многу нервоза и извор на корупција“, истакна министерот Шаќири.

Тој информира, дека до крајот на 2021 година, ќе се промовираат десетици е-услуги со Министерство за Внатрешни Работи, Министерство за земјоделство, Министерство за економија, Министерство за надворешни работи, итн.

„Наскоро ќе воведеме нов дигитален канал наменет за граѓаните, кој ќе им овозможи во секое време, онлајн да пријават проблем или поплака поврзани со јавна институција, како и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од јавната администрација. Со овој систем ќе се подобри транспарентноста во однос на постапувањето на органите на државната управа, така што комуникацијата и процесот на разрешување ќе биде на увид на граѓаните и правните лица со цел да се создаде “позитивен притисок” за надминување на проблемите. Ќе ги искористиме сите потребни механизми за да придонесеме за зголемување на ефикасноста на јавната администрација, која работи целосно во служба на граѓаните“, нагласи д -р Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони