Шаќири: Вредностите и меритократијата ќе бидат одлучувачки при изборот и унапредувањето на вработените во државната администрација

Скопје, 20 септември 2021

Министерот за информатичко општество и администрација, д-р Јетон Шаќири, придружуван од вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, денеска во просториите на Државната Комисијата за спречување на корупцијата, одржаа заедничка средба со претседателката на оваа комисија, Билјана Ивановска.

Целта на денешниот состанок беше да се претстават пред оваa комисија измените и новите закони за висока раководна служба, за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници, со цел да се исполнат препораките од проектот „Проценка на ранливоста од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам,   клиентелизам и кронизам“. Ова е 13-та мерка од владиниот План за борба против корупција.
Министерот Шаќири на средбата потврди дека сите препораки се имплементирани во измените на законите, веќе воспоставени во ЕНЕР, за административни службеници, вработени во јавниот сектор и Законот за висока раководна служба, кои ја менуваат постапката за вработување, унапредување и мобилност во јавниот сектор.

,,Овие закони директно влијаат на целосната деполитизација на државната администрација и ги поставуваат темелите на вредностите и меритократијата за да се стигне до работното место или унапредувањето. Ние сме решени да ги завршиме овие реформи“, истакна меѓу другото министерот Шаќири на средбата.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони