Слобода на изразување, Шаќири: Наша цел е да ја подобриме правната рамка во согласност со оние на ЕУ

Скопје, 26 август 2021

Министерството за информатичко општество и администрација (МИOА) информира дека во тек се активности за подобрување на правната рамка во однос на конкуренцијата во медиумскиот сектор и дека во тек е усогласувањето со законите на Европската унија (ЕУ).

- Фокусот е на подобрување на правната рамка поврзана со конкуренцијата во медиумскиот сектор со цел да се развие и да биде економски одржлива, како и зајакнување на правната и социјалната заштита на новинарите, и нивните работнички права. Наша цел е да ја подобриме правната рамка во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди, со што ќе овозможиме поволна средина за слобода на медиумите и слобода на изразување - информира Јетон Шаќири - министер  за информатичко општество и администрација.

Нашите проекти, додава тој, особено ќе се фокусираат на фундаментална заштита на слободата на изразување, конкуренција и одржливост на медиумскиот пазар, работни односи и социјална заштита на новинари и медиумски работници, онлајн медиуми и нови платформи, финансиска и уредувачка независност на радиодифузерот, независноста и ефективноста на регулаторното тело за медиуми, социјална инклузија, државно финансирање и поддршка за медиумскиот сектор, комерцијално влијание врз уредувачката содржина, проблеми со авторските права, медиумски пристап за малцинствата и ранливите групи.

„Сите овие процеси ќе се спроведат во широка консултација со засегнатите страни, преку Националниот совет за реформи во медиумите што се воспоставува“, нагласува министерот Шаќири.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони