Шаќири: Охридскиот договор е почетна точка, евроатлантските интеграции се целта
Скопје, 13 август 2021
„Чест ми е што денес бев дел од меѓународната конференција „По Охрид“, настан со кој заврши маратонот на состаноци и конференции за одбележување на 20 -годишнината од Охридскиот рамковен договор.
Нашата цел е јасна и нашиот пат оди кон западот и евроатлантските интеграции. Имплементацијата на овој договор е водич што не привлекува кон овие процеси.
Потпишувањето на овој договор пред 20 години е основа на градењето на една модерна, инклузивна и еднаква држава за сите. Денес ова е непоколеблива реалност“, потенцира министерот Шаќири.