Шаќири: Соработуваме со Пошта на Северна Македонија за проектот “Една точка за услуги”

Скопје, 08 јули 2021

Денес, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација, се одржа работен состанок помеѓу министерот Јетон Шаќири и директорот на поштата на Северна Македонија, Јани Макрадули.

„Наша цел е да ја зголемиме и продлабочиме соработката меѓу овие две институции“, рече Шаќири за време на состанокот.

На состанокот се дискутираше за проектот на Министерството за информатичко општество и администрација “Една точка за услуги”и начините како овој проект може да се спроведе и можните промени во иднина врз основа на предлозите доставени за време на денешната средба.

Ќе ја спремаме информацијата и ќе ја доставиме на следната Владина седница. По усвојувањето на ова информација на Владина седница, ќе ги интензивираме нашите состаноци за да ги конкретизираме предлозите доставени денес “, рече Шаќири.

За време на денешната средба се зборуваше за еквивалентноста на документите разменети во електронска форма со документите разменети во класична форма, заради скратување на времето за комуникација. За да се постигне оваа цел, Поштата на Северна Македонија ќе обезбеди доверливи електронски услуги до сите институции во земјата.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони