Состанок меѓу заменик-министерот Бајдевски и претставници на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (ЦИПФА), Државниот завод за ревизија и Економскиот факултет – Скопје

Скопје, 01 јули 2021

Денес, заменик-министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, оствари средба со претставници на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (ЦИПФА), Државниот завод за ревизија и Економскиот факултет – Скопје. На средбата се дискутираа претстојните законски измени на законите со кои се регулира работата на јавната администрација и можноста за воведување сертификација на сметководители и ревизори вработени во јавниот сектор.

„Се соочуваме со недостиг на квалитетен кадар во оваа област. За нас како држава, ваквите соработки се особено важни. Преку обуките кои вие им ги обезбедувате на сметководителите и ревизорите вработени во јавниот сектор ќе се надградат нивните вештини и ќе се зголемат нивните знаења, со што институциите ќе имаат високо-професионален и стручен кадар“ истакна Бајдевски.

Заменик-министерот исто така напомена дека е мошне важно да се негуваат вакви партнерства, затоа што на овој начин ќе се обезбедат висококвалитетни, стручни и професионални кадри, што ќе придонесе за пополнување на недостигот на вакви кадри во институциите, а со тоа и ќе се подобри испораката на услуги за сите граѓани.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони