Реорганизација на државната администрација, наш приоритет

Скопје, 9 јуни 2021

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, денес учествуваше и им се обрати на работните групи на семинарот за Реорганизација на државна администрација и менаџмент на промени во Република Северна Македонија и семинарот за ефикасност на јавните институции во Република Северна Македонија.

Учесници на овие два семинари беа претставници од сите министерства и странски и домашни експерти вклучени во овој важен проект.

“Ние сме решени да го однесеме овој проект напред, да ја оптимизираме целокупната институционална рамка, да ја подобриме испораката на јавните услуги, да ги зајакнуваме етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација, и меѓу друго да спроведуваме функционална анализа и да донесуваме нов Закон за организација на органите на државната управа” истакна министерот Шаќири.

На состанокот министерот спомна дека без реорганизација на органите на државната управа и елиминирање на преклопувањата на надлежностите не постои вистинска реформа на јавната администрација.

“Заложбите нa Владата на Република Северна Македонија се во насока на интеграција на државата во Европската унија, а ова зависи од капацитетот на јавната администрација да го транспонира европското законодавство и да обезбеди соодветна примена”, рече министерот Шаќири.

На крајот на говорот министерот истакна дека имплементацијата на препораките е од особена важност, не само за самиот процес туку и за идните трансформации во институциите.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони