Повик до граѓанските организации и сите засегнати страни за доставување на коментари, забелешки и прашања кон Третиот годишен извештај за спроведување на Акцискиот план (2018 -2020) од Стратегијата за РЈА, јануари-декември

Скопје, 22 мај 2021

Министерството за информатичко општество и администрација (во натамошниот текст МИОА) го подготви  Нацрт Третиот годишен извештај за спроведување на Акцискиот  план (2018 -2020) од Стратегијата за реформа на јавната администрација (во натамошниот текст Стратегијата за РЈА) за периодот јануари – декември 2020 година.

Имено, согласно Стратегијата за РЈА со Акциски план (2018 – 2022), следењето и известувањето за процесот на реформата го спроведува МИОА,  кое  на  секои  шест  месеци  до  Советот  за  РЈА и  еднаш  годишно  до  Владата  доставува Извештај за спроведување на Акцискиот план на истата.  Заради обезбедување на транспарентност во овој процес, Стратегијата за РЈА предвидува извештаите да се објавуваат на веб страната на МИОА, а по објавувањето и пред нивното разгледување на седниците на Советот за РЈА да се спроведат консултации и јавни расправи со претставници на граѓанските организации и сите засегнати страни.

Во таа насока, а со цел обезбедување на квалитетен извештај преку инклузивен и транспарентен процес и подобра организација и поквалитетна дискусија на самата јавна расправа, ги повикуваме граѓанскиот сектор и сите засегнати страни своите коментари, прашања и забелешки по Извештајот,  да ги доставите на маил: srja@mioa.gov.mk најдоцна до 07.06.2021 година до 16:00 часот.

Одделение за координација на Стратегијата за РЈА

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони