МИНИСТЕРОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА ЈЕТОН ШАЌИРИ, КОПРЕТСЕДАВАШЕ СО ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ИНОВАЦИИ, ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ВО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА.
​Скопје, 23 март 2021
 
На денешниот 17-ти состанок на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика во Европската Комисија, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, имаше воведно обраќање во својство на ко-претседавач.
 
Министерот Шаќири ја потенцираше посветеноста на нашата земја во однос на исполнувањето на сите задачи во рамки на овој Поткомитет и наспроти сите предизвици поврзани со пандемијата.
 
„Владата останува посветена на спроведувањето на клучните реформи истакнати во Извештајот на Европската комисија за 2020 година и организирање ефикасен пристапен дијалог со Европската унија. Процесот на интеграција во ЕУ на Република Северна Македонија останува стратешки приоритет за развој, стабилност и просперитет на земјата и ние остануваме посветени на овој процес“, рече министерот Шаќири.
 
Според министерот, од особено значење е одржувањето на редовен дијалог со Европската комисија во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација, со оглед на тоа што, како што рече, овој поткомитет претставува суштински форум за воспоставување и унапредување на континуираниот дијалог во важни области како што се образование и култура, информатичко општество и медиуми, социјална политика и вработување и наука и истражување.
 
На состанокот, меѓу другото се дискутираше за Напредокот во однос на препораките од Извештајот од 2020, како и спроведувањето на заклучоците од Поткомитетот од 2020 година.
 
Инаку, Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика е едно од телата за дијалог помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија, воспоставен во рамки на Комитетот за стабилизација и асоцијација.
 
 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form