Заменик-министерот Александар Бајдевски учествува на Стручна дебата за реформите во јавниот медиумски сервис МРТВ

Скопје, 19.02.2021 година

Денес, заменик-министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, беше учесник на Стручна дебата за реформите во јавниот медиумски сервис МРТВ. Дебатата беше организирана од Здружението на новинарите на Македонија, во вид на вебинар, а се одржуваше на платформата ЗУМ. Заменик-министерот Бајдевски говореше на темата „Важноста на политичката и финансиската независност на МРТВ“.

„МРТВ е јавен сервис и затоа мора да биде комплетно непристрасен и независен од политички, комерцијални и други влијанија и идеологии. Јавниот радиодифузен сервис мора да придонесе граѓаните да бидат соодветно, навремено, објективно и вистинито информирани. “ – на почеток истакна Бајдевски.

Заменик-министерот Бајдевски потсети дека во Извештаите на ЕК и Прибе, постојано се бараше МРТВ да смогне сили, да вложи напор и да почне непристрасно и независно да известува. Тој потенцираше дека Владата обезбеди одржливо финансирање и квалитетна законска рамка со законските решенија од 2018 година во однос на транспарентноста, финансиската независност и професионализација на Програмскиот совет на МРТВ.

„Факт е дека треба реформа, дека треба промени, факт е дека некои од работите од 2018 година се променети на подобро, но сепак, потребни се уште реформи и одржливи решенија. Ние како Влада ќе направиме се што е во наша можност и ингеренции во процесот на унапредување на улогата на МРТВ.“ – истакна заменик-министерот Бајдевски.

Покрај заменик-министерот, на дебатата свој придонес дадоа и претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, директорката на Македонскиот институт за медиуми МИМ – Билјана Петковска, Претседателката на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕМИ) – Катерина Синадиновска, претседателката на Програмскиот совет на МРТ – Смилка Јанеска Саркањац, како и директорот на МРТВ – Марјан Цветковски.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form