Начин на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски пат)

    Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага Министерството за информатичко општество и администрација.

    Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

    Писменото Барање може да се поднесе до Министерството непосредно во архивата; преку пошта на адреса на Министерството (Бул.Св.Кирил и Методиј, бр.54, Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: mirsada.sabani@mioa.gov.mk).

    Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

    Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

    Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

    Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Мирсада Шабани, контакт телефон: +389(0)2 3200-923
    и е-маил: mirsada.sabani@mioa.gov.mk

    Агенција за заштита на правото за слободен пристап на информациите од јавен карактер

     

    МИНИСТЕР

    Министер за информатичко општество и администрација

    Search form

    » Стратегија за отворени податоци 2018-2020

    » Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

    » Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

    » Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

    » Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

    » Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

    » Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

    » Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

    » Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

    » Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

    » Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони