Годишни планови за вработување

Собранието на Република Македонија ги донесе Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор на седница одржана на 3 февруари 2014 година, а истите се објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр.27, од 5 февруари 2014 година. Законите влегуваат во сила 8 дена од денот на нивното објавување, односно 13 февруари 2014 година, а нивната примена започнува по една година, односно 13 февруари 2015 година.

Со донесувањето на новите законски решенија, надлежноста за давање на согласност на годишниот план за вработување е во надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација.

Член 20-а од Законот за вработените во јавниот сектор ја уредува содржината на годишниот план за вработување. Имено, член 20-а став (1) од наведениот закон, определува дека вработувањата во институциите на јавниот сектор се вршат врз основа на годишни планови за вработување, кои функционерите кои раководат со институциите ги подготвуваат врз основа на Методологијата.

По целосното усогласување на годишниот план за вработување, институциите потребно е усогласената верзија на годишниот план за вработување да ја достават хартиено до Министерството за информатичко општество и администрација, со архивски број, датум, потпис и печат на институцијата, балансер со потпис и печат, како и согласност на годишниот план од органот надлежен за буџет на институцијата, за добивање на согласност.

Во прилог е  Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор, согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување, како и линкот за пристап до балансерот.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони