Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири учествуваше на онлајн настанот „Дијалози за Дигиталната агенда“

Скопје, 30 октомври 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири учествуваше на онлајн настанот „Дијалози за Дигиталната агенда“ во организација на Фондација за интернет и општество Метаморфозис. На настанот се дискутираше за придобивките и предизвиците од спроведувањето на Дигиталната агенда во нашата земја.
Во своето обраќање, министерот Шаќири се осврна на досегашните активности кои МИОА ги има реализирано во таа насока, како и плановите во иднина. Притоа, ги посочи целите кои треба да се реализираат, во координација со останатите институции и Владата:

-Воспоставување централна институција за координација и спроведување на процесот на дигитализација во општеството но и целосна ИТ поддршка за државните институции,

-Обезбедување соодветно системско решение за целокупната електронска комуникации во рамките на институциите и помеѓу нив,

-До крајот на 2021 година да се овозможи најмалку 30% од органите на државната управа да имаат воведено електронски систем за автоматизација на административните постапки, а до крајот на 2021 година системот да биде воведен во сите органи на државната управа.

- Целосно спроведување на потпишаниот договор со светската компанија Мастеркард за развој и спроведување на иновативните дигитални сертификати за потврда на идентитетот

-Да се продолжи со отворање на центрите за „Една точка за услуги“ во секој град во земјата.

-Подготовка на Студија за изводливост за изградба на национална транспортна оптичка мрежа до крајот на 2020 година

-До крајот на 2023 година обезбедување целосна покриеност на најмалку еден град со 5Г сигнал, а до крај на мандатот обезбедување покриеност од 70% на главните коридори и патната мрежа во државата

Меѓу целите, Министерот Шаќири ги посочи и: Продолжување со имплементација на постоечките стратегии за Сајбер безбедност, како и за реформа на јавната администрација каде 4-тата компонента е поврзана со дигитализацијата, потоа Стратегијата за отворени податоци која ќе постави јасни и повисоки цели за транспарентност за сите институции и за нивните први луѓе, како и финализирање на Националната ИКТ стратегија и веднаш потоа нејзина имплементација, во координација со релевантните институции.

Како заклучок, министерот го посочи и унапредувањето на  Дигиталните вештини на целокупното население со помош  на невладините организации.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form