Министерот Јетон Шаќири го посети градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу
Скопје, 23 септември 2020
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска го посети градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.
На средбата се разговараше за можностите за меѓусебна соработка, при што беше констатирано дека е неизбежна соработката меѓу извршната и локалната власт, со цел поефикасна администрација и тоа преку изготвување Стратегии за ефективна работа, обуки и професионален развој на државната администрација.
Двајцата соговорници се согласија дека ефикасна администрација значи подобри услови за граѓаните.