Започнат е консултативниот процес за измени на регулативата за вработените во јавниот сектор

26 февруари 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација организираше работилница, со цел започнување на консултативниот процес за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници.

Како што истакна, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија, на оваа работилница,  институциите кои се опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор имаа можност да ги претстават ставовите и предлозите во однос на прашањата кои во текот на изминатиот период на имплементација предизвикаа различни гледишта и толкувања.

Тоа се прашањата за опфатот на институциите од јавниот сектор, класификацијата на вработените,  нивните права и должности, Каталогот на работни места, актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, Регистарот на вработените, изготвувањето на годишните планови за вработување, видовите на вработувања како и мобилноста во јавниот сектор.  Очекувањата од оваа работилница се отворено да се дебатира за сите отворени прашања што ги засегаат институциите опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор. Од заклучоците ќе произлезат препораките за измени на овие два закони.

Ова е втора работилница од овој тип, во организација на МИОА.  Врз основа на претходните дискусии беа идентификувани клучните проблеми во имплементацијата на законите и беа предложени решенија за нивно надминување.

Министерството и во периодот што следува останува отворено за сите предлози насочени кон унапредување на регулативата што ќе овозможи понатамошен развој на јавната служба и управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор.

Работилницата се одржува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како традиционален партнер на министерството во бројни активности поврзани со реформата на јавната администрација во Република Северна Македонија.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони