Сподели:

МИОА и Хуавеи: Повик за студиска посета на Кина

Скопје, 06 септември 2018 год.

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со компанијата „HUAWEI“, и оваа година обезбедува можност за надградување на петте најдобри студенти од ИКТ факултетите во Република Македонија.

Станува збор за студиската програма „Huawei Seeds for the future” која ќе се одржи од 27-ми октомври до 11-ти ноември оваа година, во Пекинг и Шенжен.  Оваа програма им дава можност на најдобрите студенти да се здобијат со практично искуство во областа на ИКТ во рамките на една глобална деловна средина.

Покрај тоа, за време на нивниот престој во Кина студентите имаат можност да посетат часови по кинески јазик, кинеско сликање и калиграфија, како и да разменат искуства со други студенти од Кина и светот.

Оваа програма ги поттикнува земјите од различни региони да учествуваат во градењето на дигиталното општество.

Соработката на HUAWEI со Министерството за информатичко општество и администрација започна во 2015та година и до сега програмата ја посетиле 15 македонски студенти.

Сите трошоци за оваа програма се покриени од компанијата HUAWEI.

Секој студент може да аплицира co скениран пасош и скенирано уверение за положени испити, просек од добиените оцени и вкупниот број на кредити, a пратени на маил apliciraj@mioa.gov.mk до 16.09.2018 година, 23:59 часот со наслов „Huawei Ѕееdѕ for the Future 2018“

Сите детали околу процесот на апликација и селекција може да ги најдете на следниот линк.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form