Македонија и Естонија разговараат за потпишување на меморандум за соработка

Скопје, 19 јули 2018 год.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски оствари работна средба со министерот за јавна администрација на Естонија, Јанек Маги.

На состанокот разговараа за процесот на дигитализација на Естонија и позитивните искуства кои можат да бидат пренесени во Македонија. Во тој контекст двајцата министри разговараа за можноста Македонија и Естонија да потпишат меморандум за соработка.

Како што истакна министерот Манчевски, експертизата која што ја поседува Естонија, може да послужи како пример и мотив за посветеност и реализација на зацртаните цели за дигитализација на Македонија. Како што подвлече министерот Маги, можноста за соработка на ИКТ компаниите во двете земји, инвестирањето во иновативни проекти и стартапи во Македонија е отворена. На овој начин ќе се придонесе кон економски развој на земјата, зголемување на просечната плата, а на подолг рок и задржување на младите во Македонија.

Како што заклучи министерот Манчевски, МИОА и Владата работат на тоа Македонија по примерот на Естонија да биде следната ИКТ дестинација во Европа.

Состанокот се одржа во рамки на меѓународната конференција за отворено владино партнерство, во Тбилиси, Грузија.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони