Усвоени Националната стратегија за Сајбер безбедност 2018-2022 и Стратегијата за отворени податоци 2018-2020 со Акциски план

Скопје, 16 јули 2018год.

На денешната, петта седница на Националниот совет за ИКТ беа разгледани и усвоени Националната стратегија за сајбер безбедност (Cyber Security) 2018-2022 и Стратегијата за отворени податоци 2018-2020 со Акциски план.

Зајакнувањето на националните капацитети за справување со сајбер закани и подобрувањето на сајбер безбедноста на национално ниво се од приоритетно значење за Република Македонија. Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија е стратешки документ кој треба да служи како патоказ за развој на сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување, поддржано од квалитетни капацитети, кои се базираат на доверба и соработка во полето на сајбер безбедноста. 

Стратегијата за отворени податоци дефинира стратешки цели со кои ќе се поттикне објавувањето и користењето на отворените податоци, со цел да се придонесе кон зголемување на транспарентноста и отчетноста на државните институции, да се подобри квалитетот на услугите кои тие ги нудат и во исто време да се поттикнат иновациите. Со тоа, ќе се придонесе кон економски развој и развојот на општеството во целина. Владата на Република Македонија препознава дека отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој и дека може да се искористат и за подобрување на управувањето преку зголемување на транспарентноста, отвореноста, интегритетот и јавното учество во централната и локалната власт.

Двете стратегии ќе бидат усвоени и од страна на Владата на Република Македонија на наредната седница.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони