Заменик-министерот Бајдевски ги отвори спортските игри на Синдикатот на УПОЗ

Скопје, 09 јуни 2018 год.

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски ги отвори традиционалните спортски игри во организација на Синдикатот на УПОЗ, што се одржуваат во Охрид.

Како што истакна Бајдевски, соработката помеѓу МИОА и Синдикатот на УПОЗ, изминатиот период резултираше со голем број на реформи и политики за подобрување на условите за работа на вработените во јавната администрација.

„Воведувањето на двосменско работење и флексибилно работно време се мерки кои ги воведовме во консултации со УПОЗ, исто како и измените кои ги направивме во Законот за административни службеници. Тука мислам на целосното укинување на тестот на личност, тестот за интелектуалниот капацитет и тестот за познавање на странски јазик. Целта е подобрени и поедноставени постапки за селекција, унапредување и оценување на административните службеници, со што ќе се зголеми бројот на компетентни кандидати за вработување, но ќе придонесе и за задржување на квалитетни и мотивирани вработени во јавната администрација. Во однос на постапката за унапредување, со измените во Законот, се менува ригидно решение согласно кое административен службеник можеше на интерен оглас да се унапреди само во едно повисоко ниво доведува до неможност за кариерен развој на административни службеници кои подолго време се на најниски нивоа во рамки на категоријата. Исто така, заедно со УПОЗ работиме на изготвување на грански колективен договор за вработените во органите на државната управа“, посочи заменик-министерот Бајдевски.

Како што рече тој, овие измени не се доволни за унапредување на постапките за вработување со цел понатамошна професионализација и деполитизација на јавната администрација.

„Тоа што сакаме да го постигнеме со дополнителни измени во ЗАС е намалување на ризиците од политизација преку воведување на јасни критериуми и транспарентност при изборот на најдобар кандидат за вработување и унапредување. Професионализација на високите раководни позиции во администрацијата и подобрување на содржината и пристапот до огласите за вработување и заштита на правата на кандидатите. Потребен е нов модел на оценување со цел мотивација и задржување на стручните и квалитетните кадри во администрацијата. Со Законот треба да се воспостави одржлив систем за стручно усовршување. Исто така, неопходно е да се  допрецизираат прашања како што се дисциплинската и материјалната одговорност“, заклучи заменик-министерот Бајдевски.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони