Манчевски: Целта ни е целосно да го смениме впечатокот на граѓаните за администрацијата

Скопје, 4 мај 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на отворањето на научната конференција: "Управување во јавниот сектор: предизвици и перспективи" во организација на Факултетот за современи науки на Универзитетот на Југоисточна Европа.

„Јавниот сектор во Македонија е комплексен систем, со кој треба посветено и фокусирано да се управува. Нашите заложби се да ги обезбедиме сите потребни услови за јавниот сектор во Македонија да ја исполни својата основна задача, а тоа е да подобри, побрзи и поевтини услуги на граѓаните. Затоа мораме да спроведеме реструктуирање, реорганизација и модернизирање на јавните служби. “, истакна министерот Манчевски.

Според министерот, голем дел од тоа е дефинирано во Стратегијата за реформа на јавната администрација, која што Владата ја усвои и веќе ја имплементира. Како што истакна министерот Манчевски, ова е прва во историјата Стратегија која има конкретен акциски план, индикатори за исполнувањето на мерките, како и соодветен планиран буџет, при што секој може да го следи степенот на нејзиното исполнување, така што не претставува уште еден текст на хартија со кој никој нема да знае што конкретно да прави.

Министерот потенцираше дека една од најважните работи во однос на реформата на јавната администрација е создавањето на стручна и департизирана администрација, а тоа ќе се постигне со инвестирање во знаења, вештини и компетенции на вработените, како и воспоставување на стандарди за управување со човечки ресурси и зголемување на продуктивноста и ефикасноста.

„Предизвици во управување во јавниот сектор има многу, но доколку постои политичка волја, можностите се големи. Но покрај волја, потребна е и храброст. Храброст да се реформира системот, да се измести од темел. Целта ни е целосно да го смениме впечатокот на граѓаните за администрацијата“, рече министерот Манчевски.

На крајот, министерот Манчевски нагласи дека сржта на реформата на администрацијата е во дигитализацијата, што ќе биде многу видливо за нашите граѓани веќе во следните неколку месеци.

„Воведуваме електронски регистар на население, секој граѓанин ќе добие електронски идентитет. Воведуваме нов национален портал за е-услуги. Воведуваме една точка за услуги. На кратко кажано, наместо граѓаните да ги носиме во институциите, ние институциите ги носиме кај граѓаните. Дигитална Македонија е она што навистина ќе им ја даде моќта во рацете на граѓаните“, истакна министерот Манчевски.

Во текот на дводневната конференција, се очекува да се презентираат околу 30 академски трудови од научници, кои доаѓаат од земјите од регионот и пошироко, а во кои ќе се осврнат на предизвиците и перспективите на доброто владење управување во јавниот сектор.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони