Јавна трибина за Регистар на население и електронски услуги
Скопје, 20 април 2018 година
Во рамки на проектот за воспоставување на централен регистар на население и воведување на електронски услуги, беа изготвени Закон за централен регистар на население и Закон за електронско управување и електронски услуги.
Поради исклучителното значење на централниот регистар на население и дигитализацијата на услугите на јавната администрација, Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна трибина.Јавната трибина ќе се одржи на 20.04.2018 година (петок), во 11 часот, во кино салата на Клубот на пратеници
На јавната трибина ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, Георги Димитров, Меѓународен правен експерт во областа на ИТ, Билјана Бејкова, извршната директорка на НВО Инфоцентар, Љупчо Петковски, извршен директор на Евротинк.
На јавната трибина ќе бидат презентирани и клучните приоритети и мерки на Владата, за квалитативни реформи во начинот на обезбедување на административните услуги. Воедно, свои обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, меѓународниот експерт кој обезбеди стручна помош при подготвување на законските решенија и претставници на невладиниот сектор кои се активни во оваа област.
Јавната трибина е отворена за сите граѓани.
Министерство за информатичко општество и администрација