Покана за учество на тематски состаноци за националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018 – 2020

Скопје, 19 март 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира тематски состаноци за четвртиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018 – 2020. Тематските состаноци ќе се одржат во ЕУ инфо центарот, со почеток во 9.45 часот и ќе бидат посветени на различни области, со следниот распоред на одржување:

Заинтересираните учесници треба да бидат претставници на граѓански организации кои работат во областите кои се релевантни за соодветните тематски состаноци.

За учество на состаноците потребно е да го потврдите своето учество, наведувајќи за кои тематски состаноци се пријавувате на info@rcgo.mk, најдоцна до 23-ти март 2018 година.

Тематските состаноци се со поддршка на проектот „Национален ресурсен центар за граѓански организации” финансиран од Европската Унијa, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Целта е да се информира за остварениот прогрес и да се приберат предлог мерки и активности кои потенцијално можат да се вклучат во четвртиот национален акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020.

Владата на Република Македонија во 2011-та година пристапи кон глобалната инцијатива за Отворено владино партнерство - ОВП која претставува меѓународна платформа во рамките на која владите и граѓанските организации се залагаат за влади кои се поотворени и поодговорни кон граѓаните. Согласно обврските за сите земји кои се приклучија кон оваа инцијатива, Владата до сега има усвоено три акциски планови во 2012-та, 2014-та и во 2016-та година за соодветните двегодишни периоди.

Од почетокот на оваа година МИОА започна со подготовки на нов ОВП акциски план за периодот 2018-2020 во чија што подготовка има намера да ги вклучи сите релевантни чинители.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони