Најава за заедничко обраќање на Бајдевски и Шекеринска
Скопје, 12 март 2018 година
Заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ќе се обратат на завршниот настан во рамки на одбележувањето на 75 години од депортацијата на македонските евреи. Свое обраќање ќе има и амбасадорот на Државата Израел во Македонија, Дан Ориан.
Настанот ќе се одржи денеска во Клуб на пратеници, со почеток од 16.30 часот.
Настанот претставува завршна конференција на Биталон- првиот Хакатон во Македонија, кој што има за цел на иновативен начин, со информатички алатки, да ја раскаже, а со тоа и да ја оживее, приказната за македонските евреи.
Министерство за информатичко општество и администрација