Упатство за објавување и спроведување на интерен оглас
Скопје, 07 март 2018 година
Министерството за информатичко општество и администрација објавува Упатство за објавување и спроведување на интерен оглас.
Согласно Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас интерниот оглас ги содржи следниве податоци:
-
Назив на институција,
-
Основ за објавување на огласот,
-
Број на огласот,
-
За секое различно огласено работно место: шифра и назив на работното место и број на извршители,
-
За секое различно огласено работно место: посебни услови за работното место пропишани со закон и со актот за систематизација на работните места,
-
За секое различно огласено работно место: распоред на работното време, почеток и завршеток на дневното и неделното работно време и паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво,
-
Информации за начинот и рокот за доставување на пријавата за унапредување,
-
Напомена дека кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.
Целосното Упатство е достапно на следниот линк.
Министерство за информатичко општество и администрација