Министерот Манчевски оствари средба со заменик-директорот на канцеларијата на САД, Сузан Фалатко

Скопје, 14 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, оствари работна средба со заменик-директорот на канцеларијата на САД за прашања од југо-централна Европа, Сузан К. Фалатко.

Министерот Манчевски оствари средба со заменик-директорот на канцеларијата на САД, Сузан Фалатко

На состанокот, министерот Манчевски ја информираше заменик-директорката Фалатко за активностите на кои МИОА работи во трите портфолија во надлежност на министерството.

„Јавната администрација во минатиот период беше критикувана за партизираност и непрофесионалност, и сега јавноста има големи очекувања за големи промени. Активностите кои ги превземаме во тој дел се во транспарентен процес, што значи потребно е подолго време да се донесат, но се во редовна комуникација со граѓаните и поради тоа и со поголем квалитет“, потенцираше министерот Манчевски, осврнувајќи се на Стратегијата за реформа во јавната администрација, како прв документ од овој тип со конкретен акциски план, индикатори и буџет.

Министерот Манчевски оствари средба со заменик-директорот на канцеларијата на САД, Сузан Фалатко

Фалатко, ги поздрави заложбите на МИОА, за реформи во јавната администрација, и заложбите на Владата во останатите сектори, каде како што посочи таа може да се забележи напредок.

Министерот Манчевски се осврна на дигиталната агенда на министерството, и активностите во делот на воспоставување на регистар на население, креирање на електронски идентитет на граѓаните и електронски потпис.

Министерот Манчевски оствари средба со заменик-директорот на канцеларијата на САД, Сузан Фалатко

На состанокот претставниците од канцеларијата на САД за прашања од југо-централна Европа покажаа интерес и поддршка за активностите на МИОА за подготовка на стратегија за сајбер безбедност.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони