Известување за почеток на процесот за подготовка на четвртиот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020

Скопје, 08 февруари 2018 година

Почитувани претставници на организации на граѓанското општество,

Ве известуваме дека започнува процесот на подготовка на четвртиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 (НАП4).

Известување за почеток на процесот за подготовка на четвртиот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020

Со цел навремено информирање подготвена е Временска рамка на активности за подготовка на НАП 4 2018-2020 во која се дадени првично утврдени датуми и истата може да се надополнува со настани и состаноци во организација на сите чинители во Отвореното владино партнерство. Временска рамка може да ја најдете тука.

Во рамките на активностите за подготовка на Акцискиот план, Ве покануваме да пополните краток прашалник кој има за цел да ги утврди потребите за подготовка на новиот Национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година (НАП 4) односно да ја испита запознаеноста на граѓанските организации со глобалната иницијатива Отворено владино партнерство, да го утврди интересот за учество во процесот на подготовка на новиот акциски план за ОВП 2018-2020, да собере првични препораки за процесот на консултација како и предлози за мерки кои потенцијално можат да се вклучат во акцискиот план.

Би Ви биле исклучително благодарни доколку одвоите време да одговорите на прашалникот најдоцна до среда 19-ти февруари. Прашалникот можете да го најдете на следниот линк: https://drive.google.com/open?id=1KegYkIW0x6mxA_Aeqkh3zrENinpSmFDD8oB8fdZhH_s

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони