Европската Комисија со конкретни мерки за драстично намалување на цените на роамингот за земјите од регионот

Софија, 02 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска е во работна посета на Софија, Бугарија. Во рамки на посетата, министерот Манчевски оствари средба со еврокомесарката Мариа Габриел.

Европската Комисија со конкретни мерки за драстично намалување на цените на роамингот за земјите од регионот

На состанокот се разговараше за Дигиталниот Самит за земјите од Западен Балкан, што како дел од Берлинскиот процес, се организира за прв пат. Македонија е првата земја домаќин на Самитот што ќе се одржи на 18ти и 19ти април во Скопје. Еврокомесарката Габриел, ја прифати поканата да го отвори самитот, како потврда дека дигиталната агенда е во фокусот на претседателството на Бугарија со Европската Унија.

Европската Комисија со конкретни мерки за драстично намалување на цените на роамингот за земјите од регионот

„Поддршката на Европската комисија за Македонија во реализација на проектите во дигиталната сфера, како што се младинската гаранција, технолошкиот парк и националниот портал за е-услуги се од особено значење нас“, истакна министерот Манчевски.

Тој се осврна на пораката што Дигиталниот Самит треба да ја испрати а тоа е важноста од единството на регионот во интеграцијата во Европската Унија.

Еврокомесарката Габриел ги презентираше заложбите и конкретните мерки за драстично намалување на цените на роамингот во регионот.

Европската Комисија со конкретни мерки за драстично намалување на цените на роамингот за земјите од регионот

Ова ќе биде една од пораките и на Дигиталниот Самит, затоа што е од важност за сите граѓани од регионот.

На овој начин, со реализација на мерки и активности во дигиталната сфера, граѓаните во регионот многу побрзо ќе бидат дел од Европското семејство, заклучија министерот Манчевски и еврокомесарката Габриел.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони