Манчевски: За сајбер безбедноста клучна е соработката помеѓу надлежните институции

Скопје, 01 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и директорот на Светска Банка за Македонија, Марко Мантованели, во рамки на тридневната работилница за: „Проценката на моделот за зрелост на капацитетите за информатичка безбедност“, одржаа прес конференција.

Манчевски: За сајбер безбедноста клучна е соработката помеѓу надлежните институции

„Сајбер безбедноста привлекува сè повеќе внимание во професионалните кругови, но и кај креаторите на политики, бизнис секторот, академскиот сектор, и пошироката јавност. Успешните сајбер напади стануваат сè почести и поопасни, а напаѓачите се сè порешителни и пософистицирани. Поминаа деновите кога сајбер-безбедноста се третираше како ИТ проблем, а заштитата на податоците се ставаше на последно место. Владата е свесна дека прашањето на сајбер безбедноста не треба да го разгледува како секторско прашање и се залага за соработка на сите институции, приватниот, граѓанскиот и академскиот сектор за зајакнување на сајбер–безбедноста во Република Македонија“, истакна министерот Манчевски, ставајќи акцент на важноста од соработката помеѓу институциите во креирање на политики за сајбер безбедност.

Манчевски: За сајбер безбедноста клучна е соработката помеѓу надлежните институции

„Проценката се одвива согласно утврден модел, во кои се опфатени јавните политики и стратегии, културата и општеството, образованието и вештините, правните и регулаторни рамки, како и стандардите и технологиите од областа на сајбер безбедноста. Евалуацијата се спроведува преку консултативни средби во кои учествуваат претставници на јавниот сектор и критичната национална инфраструктура, но и од бизнис секторот, академскиот сектор, граѓански здруженија и интернационалната заедница“, информираше министерот Манчевски.

„Сакам да ја поздравам заложбата на Владата и одлуката да биде на ниво со државите кои веќе имаат превземено значајни чекори во делот на сајбер безбедноста. Информатичкото општество и комуникациите се инструмент за економски развој. Во Македонија ИКТ секторот веќе е најголем извор на високо платени работни позиции и е во постојан раст“, посочи директорот Мантованели.

Како што информираше тој, согласно податоците кои ќе произлезат од проценката, Светска Банка е спремна да оформи тим од експерти, во сферите каде ќе биде одлучено дека е најпотребно.

Манчевски: За сајбер безбедноста клучна е соработката помеѓу надлежните институции

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони