Состанок за ИПА проектот „РЈА – Поддршка на МИОА во модернизацијата на јавната администрација“

Скопје, 24 јануари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски го отвори привот состанок на проектот за модернизација на јавната администрација, финансиран преку првата компонента на ИПА програмата (Транзициска помош и институционална надградба).

Како што истакна министерот Манчевски, Владата има цврста политичка волја за суштински реформи во оваа област, за што говори и воспоставувањето на Советот за реформа на јавната администрација.

Состанок за ИПА проектот „РЈА – Поддршка на МИОА во модернизацијата на јавната администрација“

„Една од стратешките цели на Владата е реформа на јавната администрација. Овој проект претставува важна алка во стратегијата преку чија имплементација ќе се направат значајни чекори кон воспоставување на професионална, ефикасна, ефективна и транспарентна администрација која целосно ќе се инкорпорира во ’Европскиот административен простор’. На овој начин ќе обезбедиме администрација која ќе одговара на потребите на граѓаните“, потенцираше Манчевски.

Проектот се однесува на поедноставување на административните процедури и подобрено спроведување на правната рамка за јавна администрација, а предвидува и активности за професионализација на вработените кои се директно вклучени во испораката на јавни услуги преку воспоставување на рамка на компетенции.

Состанок за ИПА проектот „РЈА – Поддршка на МИОА во модернизацијата на јавната администрација“

Важна компонента од проектот е и развојот на софтверско решение кое ќе им овозможи на институциите да го подобрат планирањето на институционалните капацитети за подобра испорака на јавни услуги. Целтa е да се овозможи проактивен пристап кон побарувачката на услуги која може да варира во зависност од различни надворешни настани, законски измени и влијанија, но пред се да го намали административниот трошок за испорака на услуги и да овозможи објективно оценување на работата на административните службеници.

Состанок за ИПА проектот „РЈА – Поддршка на МИОА во модернизацијата на јавната администрација“

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони