Анализа на кориснички искуства на Националниот портал за е-услуги

Скопје, 26 декември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација во моментов спроведува анализа на искуства при користење на Националниот портал за е-услуги.

Целта од активноста е да се добие и анализира корисничкото искуство од насловната страна на Националниот портал. Со цел порталот да биде лесно достапен за сите категории на корисници, за анализата беа повикани да се вклучат корисници од различни групи на граѓани, на доброволна основа.

Анализа на кориснички искуства на Националниот портал за е-услуги

Оваа активност е дел од меморандумот за соработка потпишан помеѓу МИОА и УНДП, а во спроведувањето се вклучени: Центар за иновации на град Скопје-СкопјеЛаб, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Social Innovation Hub.

Целта нa рaзвојот на Националниот портал за е-услуги е воспоставување динамичен веб-портал како единствена точка на контакт со институциите со што ќе се зголеми ефикасноста на државните институции, ќе се обезбедат побрзи и поедноставни услуги. Порталот ќе биде достапен преку интернет на различни веб-ориентирани платформи. На него покрај добивање на е-услуги ќе може да се најдат и информации за јавните услуги од корист за граѓаните и бизнисите. Визуелниот дизајн на порталот, леснотијата на користење, лесната навигација и користењето W3CG стандарди се особено значајни.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони