Средба Манчевски и Дезир

Скопје, 14 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир.

На средбата министерот Манчевски се осврна на процесот на подготовка на Предлог-Законот за измени и дополнување на Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги.

Дезир ги поздрави заложбите на Министерството за информатичко општество и администрација за обезбедување на простор за слободни медиуми што како што истакна е од фундаментално значење за демократијата во една земја.

Средба Манчевски и Дезир

„ОБСЕ е наш постојан партнер особено во делот на медиумите. Предлог верзијата на Законот за измени и дополнувања на Законот за Аудио и аудиовизулени медиумски услуги пред да биде објавена на ЕНЕР беше испратена до канцеларијата на ОБСЕ во Виена, од каде добивме позитивни коментари. Но, добивме и забелешки кои се објавени на веб страната на МИОА и кои се интегрирани во предлог верзијата на законот“, истакна министерот Манчевски по завршувањето на средбата.пратениците во Скопје.

„Заеднички став на ОБСЕ и Владата е дека е од особено значење процесот да биде транспарентен и отворен за придонес од сите засегнати страни до неговото финализирање. Во сензитивна област како што се медиумите, Владата и Собранието се тие кои ги прават законските измени, но мотори на медиумските реформи мора да бидат самите медиумски работници“, заклучи министерот.

„Ми претставува особено задоволство што реформите во медиумската сфера се на агендата на Владата. Ние сме во постојана комуникација затоа што сме убедени дека Законот за АВМУ е многу важен закон и измените ќе придонесат кон подобрување на состојбата на МРТВ, во независноста во работењето и подобрување на улогата на Агенцијата “, посочи Дезир.

Средба Манчевски и Дезир

Тој ја поздрави одлуката на Владата за укинување на владините реклами, како еден од механизмите со кои во изминатиот период се вршеше притисок врз медиумите.

„Со укинувањето на владините реклами и со останатите измени во Законот за АВМУ, се оневозможува контролата и притисокот во медиумите“, смета Дезир.

Тој исто така ги поздрави и заложбите на МИОА, на Дигиталниот Самит за земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи на пролет следната година, да се наметне и проблемот со лажните вести, како предизвик за медиумите и владите на глобално ниво.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони