Работна средба на министерот Дамјан Манчевски

Скопје, 8 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со претставници на бизнис секторот, академската заедница и граѓанското општество што работат во областа на информатичкото општество.

На средбата министерот Манчевски, ги информираше присутните дека Македонија во 2018та година ќе биде домаќин на првиот Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан.

„Заложбите на оваа Влада не се да работи сама, туку заедно со сите засегнати страни. Токму заради ова, при подготовка на концептот за лобирање Македонија да биде домаќин на првиот Дигиталниот самит, ги вклучивме и претставниците на бизнис секторот, универзитетите и граѓанските организации кои работат во областа на информатичкото општество. Нивната поддршка ни е од големо значење“, истакна министерот Манчевски.

Работна средба на министерот Дамјан Манчевски

На средбата се разговараше присутните да бидат активно вклучени и во останатите фази од организација на Дигиталниот Самит. Министерот упати покана до сите останати организации и претставници кои можат да придонесат и да се вклучат во процесот на организација на Самиот. Само на тој начин Дигиталниот Самит ќе претставува позитивен пример и модел што ќе го следат и останатите земји во регионот.

„Дигиталниот самит предвидува и експо дел, каде дигиталните компаниите ќе имаат можност да ги претстават своите остварувања. Ова ќе претставува единствена можност за македонските сопственици на ИТ компании, образовни ИТ институции, иноватори и претприемачи, да ја презентираат својата работа и да остварат соработка со лидерите од оваа област во регионот, како и да го прошират својот бизнис во регионот и во ЕУ“, информираше министерот Манчевски.

Работна средба на министерот Дамјан Манчевски

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони