Манчевски: Само со заедничка работа до конкурентност и иновативност

Скопје, 27 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски беше дел од вториот ден на „МАСИТ ИКТ денови“, на конференцијата за иновативни ИКТ решенија и трендови.
Настанот ќе се одржи денеска, во 11:00 во хотел Александар Палас, Скопје.

На прашањето Како компаниите, образованието и државата да соработуваат со цел да ја поддржат иновативноста во македонските ИКТ компании?, министерот Манчевски одговори дека само со заедничка работа, постојани консултации и координирана стратегија ќе се постигне заедничката цел, а тоа е унапредување на конкурентноста и иновативноста.

Министерот Манчевски се осврна и на дел од сетот на мерки на Владата и на МИОА, за да ги задржат младите ИТ кадри да останат да работат во Македонија.

Манчевски: Само со заедничка работа до конкурентност и иновативност

Дел од предвидените активности се даночните олеснувања, а домашните и странските фирми кои сакаат да инвестираат во ИТК областа ќе добијат исти услови.

„Поврзувањето на производството, науката и образованието денес е неопходен услов за зголемување на конкурентноста. Државата треба да е врската, мостот меѓу компаниите и академската заедница. Оваа влада работи на развој на стимулативна деловна клима во земјата, сака да помогне во брзо ширење на информации меѓу фирмите за нови технологии, пазари и други можности“, потенцираше министерот.

Манчевски: Само со заедничка работа до конкурентност и иновативност

Министерот Манчевски, го претстави планот на Владата која за прв пат ќе финансира отворање на технолошки парк, во текот на следната година.

„Технолошкиот парк ќе биде сместен во централно градско подрачје и ќе претставува место каде компаниите ќе имаат можност да инвестираат во центар за истражување и развој и создавање нови технологии “, рече министерот.

Заложбите на Владата и министерството за транспарентно креирање на политики од оваа област, ја поздравија останатите говорници на дебатата, кои истакнаа дека иницијатива за соработка на владата, бизнис заедницата и академијата се случува за прв пат во Македонија.

Манчевски: Само со заедничка работа до конкурентност и иновативност

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони