Министерот Манчевски одржа средба со министерот на Р. Србија Бранко Ружиќ
Блед, 4 септември 2017 година
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на работната посета на Република Словенија, денеска одржа билатерална средба со министерот на Р. Србија за државна управа и локална управа, Бранко Ружиќ.
На средбата се разговараше за хармонизација и подобрување на развојот и функционирањето на информатичките системи и инфраструктурата на државните органи. Министерот Ружиќ го презентираше искуството на Србија во примената на стандардите за воведување на информатичко-комуникациски технологии во институциите, Двајцата министри разговараа за реформите во јавната администрација на кои што во моментов работи Министерството за информатичко општество и администрација. Српскиот министер ги пренесе активностите на Секторот за матични книги и регистар, како искуство што може да се пренесе и при подготвувањето на Регистарот на население во Македонија, што претставува една од стратешките цели на Министерството за информатичко општество и администрација.
Министерство за информатичко општество и администрација