Министерот Дамјан Манчевски дел од Бледскиот стратегиски форум
Блед, 4 септември 2017 година
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски заедно со делегација од Министерството, денеска и утре ќе учествува на Бледскиот стратегиски форум, што се одржува во Блед, Р. Словенија. Станува збор за водечка конференција за земјите од Централна и Југоисточна Европа, на која учествуваат шефови на држави и влади, министри и дипломати од овој регион.
Како дел од посетата на Р. Словенија, министерот Манчевски, денеска ќе оствари билатерални средби со министерот за јавна управа на Р. Словенија, Борис Копривникар и министерот за државна управа и локална самоуправа на Р. Србија, Бранко Ружиќ.
На Бледскиот стратегиски форум ќе учествуваат и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и министерот на надворешни работи, Никола Димитров.
Министерство за информатичко општество и администрација