Прес конференција на министерот Дамјан Манчевски
Скопје, 28 јули 2017 год.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска одржа прес конференција. Во духот на транспарентноста и отчетноста, и пред се во интерес на граѓаните, министерот Манчевски одговори на прашањата поставени од ВМРО-ДПМНЕ за вработувањата во новата Влада.
Од 01.06.2017 година до денес од страна на новата Влада се вработени вкупно 96 лица. Од нив 32 лица се посебни кабинетски советници на министрите, потенцираше министерот Манчевски.
Министерот Манчевски се осврна и на незаконските вработувања во изборниот период од 17.10.2016 до 31.05. 2017. Во тој период ВМРО-ДПМНЕ, спротивно на изборниот законик и изборната регулатива која важеше согласно Договорот од Пржино, вработи 7.708 лица. Најголем дел од незаконските вработувања се по основ договор на дело, авторски договор или договор за волонтирање, вкупно 2.313 лица.
Министерот Манчевски најави дека овие, но и други податоци ќе бидат презентирани во детален Извештај кој ќе биде презентиран на седница на Владата. Согласно наодите во Извештајот, МИОА и Владата, ќе ги повикаат надлежните инспекторати да превземаат соодветни мерки за санкционирање на сите институции и лица кои ги прекршиле законите.
Министерство за информатичко општество и администрација