Извршено примопредавање на функцијата министер за информатичко општество и администрација
Скопје, 1 јуни 2017 година
Во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација денес беше извршено примопредавање на должноста министер за информатичко општество и администрација.
Новиот министер Дамјан Манчевски ја презеде функцијата од Марта Арсовска Томовска, која беше министерка за информатичко општество и администрација од ноември 2015 година. Манчевски е роден на 27.01.1978 година во Скопје. Дипломирал во 2005 година на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Електротехника и телекомуникации.





