Платформа за интероперабилност

Меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу државните органи,  институциите и бизнис компаниите – Платформа за интероперабилност

Платформата за интероперабилност овозможува електронска размена на податоци и документи помеѓу институциите/компниите на стандардизиран, безбеден и унифициран начин. Размената на податоци помеѓу две институции се одвива според дефинирани стандарди за безбедност, заштита, формат и структура на податоците.

Непречениот проток на информации преку платформата за интероперабилност, го намалува времето потребно за пренос на информациите помеѓу институции, со што се олеснува протокот на електронски информации кои се потребни за обезбедување на јавни услуги прилагодени на потребите на граѓаните и бизнисите. Ваквата размена на податоци ја зголемува ефикасноста при работењето и го зголемува задоволството од услугите кои им се нудат.

Платформата за интероперабилност е базирана на Националната рамка за интероперабилност која ги следи европските начела за интероперабилност (EIF 2.0). Националната рамка за интероперабилност ги покрива сите аспекти на интероперабилноста: правна, организациска, семантичка и техничка:

  • Македонска национална рамка за интероперабилност  [Македонски] [English]
  • Модул за македонска интероперабилност ИОП-Л (Правна интероперабилност)  [Македонски] [English]
  • Модул за македонска интероперабилност ИОП-O (Организациска интероперабилност)  [Македонски] [English]
  • Модул за македонска интероперабилност ИОП-С (Семантичка интероперабилност)  [Македонски] [English]
  • Модул за македонска интероперабилност ИОП-T (Техничка интероперабилност)  [Македонски] [English]
  • Модул за македонска интероперабилност ИОП-T (Техничка интероперабилност) Анекс: МИМ протокол  [Македонски] [English]

Заклучно со 29.11.2021 година, на платформата за интероперабилност се приклучени:

  1. Агенција за вработување на Република Северна Македонија
  2. Агенција за катастар на недвижности
  3. Државен завод за статистика
  4. Државна изборна комисија
  5. Државна комисија за спречување на корупцијата
  6. Генерален секретаријат
  7. Инспекциски совет - Државен инспекторат за труд
  8. Инспекциски совет - Државен пазарен инспекторат
  9. Инспекциски совет - Државе управен инспекторат
  10. Јавно обвинителство на Република Северна Македонија
  11. Македонска Академска Истражувачка Мрежа
  12. Македонски Телеком АД - Скопје
  13. Мастеркард - Евротраст (Mastercard - Eurotrast)
  14. Министерство за внатрешни работи
  15. Министерство за информатичко општество и администрација
  16. Министерство за надворешни работи
  17. Министерство за образование и наука
  18. Министерство за правда
  19. Министерство за правда - Управа за водење матични книги
  20. Министерство за правда - Агенција за управување со одземен имот
  21. Министерство за правда - Биро за метрологија
  22. Министерство за труд и социјална политика
  23. Министерство за финансии
  24. Министерство за финансии - Управа за јавни приходи
  25. Министерство за финансии - Царинска управа
  26. Министерство за култура
  27. Народна банка на Република Северна Македонија
  28. Некстсенс ДОО Скопје
  29. Основен суд Скопје 1
  30. Основен суд Скопје 2
  31. Службен весник на Република Северна Македонија
  32. Управа за финансиска полиција
  33. Управа за финансиско разузнавање
  34. Фонд за здравствено осигурување на РСМ
  35. Фонд за пензиското и инвалидското осигурување на РСМ
  36. Централен регистар на Република Македонија
  37. Клириншка куќа КИБС АД Скопје
  38. Град Скопје
  39. ИПАРД

Активни чинители на платформата за интероперабилност, кои од аспект на интероперабилноста претставуваат „институции“ бидејќи имаат свој посебен комуникациски клиент се и:

  1. Национален портал за електронски услуги
  2. Национален регистар на население
  3. Електронски систем за автоматизација на административни постапки (еСДП)

Институциите/компаниите кои сакаат да се приклучат на платформата за интероперабилност и да разменуваат податоци преку оваа платформа, имаат обврска да обезбедат сопствен комуникациски клиент, кој претставува медијатор помеѓу нивните позадински системи и централните сервери на платформата за интероперабилност. Комуникацискиот клиент треба да ги исполнува Минималните технички предуслови за комуникациски клиент.

За приклучување на платформата за интероперабилност, компаниите треба да ги имаат во предвид законските одредби од Законот за електронско управување и електронски документи и неговите подзаконски акти (https://mioa.gov.mk/?q=mk/documents/legislation). Базирано на искуството од досегашната работа, МИОА предлага да се имаат во предвид и следните Насоки за поврзување на платформата за интероперабилност.

Заклучно со 14.05.2021, институциите имаат на располагање 438  веб сервиси/методи за размена на податоци. Листа на веб сервиси ги содржи сите веб сервиси/методи за размена на податоци кои институциите/компаниите можат да ги реискористат за своите потреби.

Генерални придобивки од размената на податоци преку платформата за интероперабилност:

  • Основна инфраструктура за понатамошна дигитализација и развој на е-услуги кои државата ги нуди на граѓаните и бизнисите;
  • Електронска, стандардизирана и сигурна размена на документи и податоци помеѓу институциите/компаниите;
  • Брза и ефикасна комуникација помеѓу институциите/компаниите со што се зголемува ефикасноста при спроведувањето на постапките;
  • Зголемена ефикасност и ефективност во работењето на органите на државната администрација и на компаниите;
  • Побрз и полесен пристап на компаниите до податоците кои ги бараат од институциите;
  • Зголемен квалитет на владините електронски услуги;
  • Намалено време за добивање на услуги.

Следни активности

Зголемувањето на бројот на институции и бројот на веб сервиси/методи за размена на податоци е претставува континуиран процес и главна цел на Министерството за информатичко општество и администрација. Министерството за информатичко општество и администрација континуирано обезбедува поддршка на институциите/компаниите за нивно активно партиципирање во размената на податоци преку платформата за интероперабилност, со цел зголемување на искористеноста на истата.

Во следниот период се планира 11 нови институции институции, вклучени во проектот ИПА2017: Зајакнување на е-Влада, да се приклучат на платформата за интероперабилност. Меѓу овие институции, ќе бидат приклучени Министерство за економија, Фармацевтска комора, Агенција за храна и ветеринарство и други.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони