LMS: Систем за управувано учење
Министерството за информатичко општество и администрација ги привршува активностите во рамките на спроведувањето на Системот за управување со учењето (LMS) за сите државни службеници, како еден од приоритетите во неговото работење.
Системот нуди низа предности за организациите, корисниците и за предавачите, што ќе овозможи подигнување на степенот на професионална наобразба на државните службеници, заштеда на време и трошоци, а ќе овозможи и континуирано знаење за начинот, формата и услугата која ја даваат институциите.
Системот претставува веб базирано решение, а до него ќе може да пристапите од било која точка со пристап на интернет, па и од „паметен“ мобилен уред, преку повеќе прелистувачи.
Решението се состои од основни функционалности на системот и модули, како што се: модул за курсеви, модул за веб конференција, chat и други.
Посебно е значајно тоа што ние како корисниците сами ќе можеме да избереме кога, каде и што ќе учиме, а секој од нас ќе си избере сопствено темпо на учење, согласно предзнаењата, навиките за учење. Исто така, ќе постои можност за самопроверка на знаењето, преглед на извештаите на успех и пријавување на дополнителни курсеви.
Кон сајтот на LMS >>